Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациент позитивни и суспектни на коронавирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 100 пациенти, во Прилеп 106 во ковид – центарот во Гостивар 58, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1331 и има околу 170 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.