Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 331 лице сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за гастроентерохепатологија, на Очната клиника и на ОРЛ. Во ковид – центарот на Кожната клиника биле примени четворица болни и тројца се хоспитализирани на Клиниката за неврологија.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани седум болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 22 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 18 пациенти, на Клиниката за очни болести девет пациенти, а на ОРЛ 7 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 91 болен, на Клиниката за инфективни болести лежат 130 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.
Вкупно 331 пациент потврден и сомнителен за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 134 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, стои во соопштението.