Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, а пуштени се 26 оздравени пациенти. На инфективните оддели во главниот град се лекуваат 345 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19, од кои голем дел се на кислородна поддршка. Во 8 часот утрово слободни биле 100 кревети, а се очекува испис на повеќе оздравени пациенти.
Од Министерството за здравство соопштија дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало 32 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализиран на Клиниката за Очни болести и на Клиниката за Гастроентерохепатологија. На Клиниката за Неврологија биле примени шест пациенти. Петмина болни се примени на ТБЦ, четворица на Клиниката за Дерматологија и 8 на Нефрологија. Петмина болни биле хоспитализирани на ОРЛ.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 8 во текот на вчерашниот ден.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 26 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести пет пациенти, а на ОРЛ 15 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти.
-Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти, информираат од Министерството за здравство.