Нето добивката на германскиот производител на вакцини против коронавирусот скокнал за 666 пати и изнесува 10,29 милијарди евра минатата година, од 15,2 милиони евра во 2020 година.
Приходите се 18,98 милијарди евра, во однос на 482 милиони евра една година порано, покажал извештајот за деловните резултати во 2021 година.
Иновативната mRNA вакцина против Ковид-19, развиена од германската биотехнолошка компанија заедно со американскиот фармацевтски гигант Pfizer, беше прва во ЕУ што доби регулаторна дозвола на крајот на 2020 година, потсетува агенцијата Dpa.
BioNTech ја потврди својата прогноза за оваа година, според која очекува приходи од продажба на вакцините против Ковид-19 во опсег од 13 до 17 милијарди евра.
Потпишаните нарачки за испорака во 2022 година, како што забележуваат, сега изнесуваат 2,4 милијарди дози. Тие испорачале околу 2,6 милијарди дози минатата година, 100 милиони повеќе од очекуваното, се вели во извештајот.
BioNTech очекува да ги објави првите податоци за клиничките испитувања на вакцината прилагодена на омикрон варијантата во април.
Тие најавуваат и за 50 отсто повисоки средства за истражување и развој за оваа година, кои се движат од 1,4 до 1,5 милијарди евра.
Менаџментот на компанијата, управуван од нејзините основачи, Угур Шахин и Озлем Туречи, објави дека бараат одобрение за програма за откуп на акции во вредност до 1,5 милијарди долари во следните две години. Предлагаат и исплата на посебна дивиденда од две евра по акција.