Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, утринава дошол во канцеларијата на премиерот Алексис Ципрас во вилата Максимос, јавија грчките медиуми.
Премиерот Ципрас во текот на денот го очекува телефонскиот повик од неговиот македонски колега Зоран Заев за да разговараат за напредокот околу прашањето за името.
Повикот од Заев за „завршување на договорот“, кој се очекуваше пред десет дена, ќе се случи во текот на денот.
Според непотврдени информации за текот на преговорите и за постигнатиот напредок по прашањето за името, идентитетот и јазикот Заев во Германија ќе разговара со канцеларката Ангела Меркел.