Кожна затворена, персоналот во изолација, пациентите дома

/ 09.03.2020

Клиниката за кожни болести ќе биде целосно затворена, севкупниот персонал ќе треба да остане во двенеделна домашна изолација, а пациентите се веќе пуштени дома, велат од Министерството за здравство. Одлуката доаѓа откако тестот за коронавирус на директорката на Клиниката, која пред пет дена се вратила од Италија, а во меѓувреме одела на работа, бил позитивен.

Во моментов во Клиниката се присутни епидемиолози и уште неколкумина вработени, чија задача е да ги подготват просториите за дезинфекција. Клиниката ќе остане затворена во следните две недели.

За пациентите се смета дека можат да го продолжат лекувањето и во домашни услови, иако не е јасно зошѓто ако лекувањето можат да го прдолжат дома, лежеле на Клинката

Министерот Венко Филипче, на прес-конференција, соопшти дека се идентификуваат сите лица со кои лекарката контактирала во изминатите пет дена, било да се работи за семејство, пријатели, колеги или пациенти.


Од истата категорија