Градските власти во Москва се заканија со казна затвор до пет години за лицата кои не ги почитуваат регулативите за самоизолација две недели по посетата на земјите каде има зараза со коронавирус.

Ова важи за лицата кои се вратиле од Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија, Италија и Шпанија и други земји во кои има знаци на заразени со коронарна вирус и тие треба да се изолираат дома 14 дена без разлика дали имаат симптоми или не, пренесува Срна.

Доколку не ги почитуваат овие правила ќе бидат казнети со казна и до пет години затвор.

Властите прогласија висок степен на тревога и воведоа дополнителни мерки со цел да го спречат ширењето на Ковид-19 во Русија.

Во Русија досега се регистрирани 15 пациенти со новиот коронавирус.