Фондациите Отворено општество на Џорџ Сорос ја гаснат активноста во Унгарија, притоа обвинувајќи ја Будимпешта за репресија врз граѓанското општесто, јави Раша тудеј. Унгарскиот премиер Виктор Орбан повеќепати обвини дека милијардерот се меша во внатрешните прашања на земјата.
„Соочени со засилена репресивна политика како и правната рамка во Унгарија, Фондациите Отворено општество (ФОО) го селат седиштето на меѓународните операции од Будимпешта во германскиот главен град Берлин“, потврди фондацијата денес.
Патрик Гашпар, претседател на ФОО ја нападна Будимпешта велејќи дека таа „ја деградирала и несоодветно ја претставувала нашата работа“, како и дека врши репресија врз граѓанското општество со цел да добие политички поени.
Ваквата одлука ФОО ја донесла земајќи предвид што Будимпешта „се подготвува да донесе натамошни рестрикции спрема невладините организации содржани во „Стоп Сорос“ пакетот закони“.
Орбан овеќепати ја криткваше агендата на Соросовите фондации и го обвинуваше милијардерот со унгарско потекло дека се меша во внатрешните работи. Неодамна во еден говор по убедливата победа на неговата партија Фидеш на парлемнтарните избори, Орбан рече: Знам дека тие нема да ги прифатат резултатите, ќе организираат разни нешта, имаат неограничени финансики ресурси“.
Клучни нешта во таканaречениот законски пакет „Стоп Сорос“ се дека тие невладини што поддржуваат нелегална имиграција ќе мораат да се пререгистрираат, додека секоја невладина што добива пари од странство ќе плаќа данок од 25 проценти.
Отворено општестсво на Сорос своите канцеларии во Унгарија ги отвори во 1984 година. ФОО располага со годишен фонд од 940 милиони долари и работи во повеќе од 100 земји. Неговата изјава дека Европа мора да ги прифати сите имигранти предизвика огромно незадоволство кај многу земји и политичари, особено во средноевропските, па и Австрија најави „црвен картон“ за Сорос.