Од кафуле во Германија, наместо пари, украдени се две кутии сладолед и торта, соопшти вчера локалната полиција на Есен

Провалата се случила во саботата, околу 2:30 часот по полноќ, во близина на термалните бањи во градот Бад Залцуфлен, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија.

Полицијата и понатаму трага по сторителот, иако сè уште не се знае причината за извршеното дело.

– Сè уште не знаеме дали намерно ги украл намирниците или пак, за време на кражбата почувствувал глад, образложи портпаролот на полицијата.

Фото: Архива