Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе ја посети Русија до крајот на април, при што ќе се сретне со претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.
– Владимир Путин ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Ким ќе дојде во посета на Русија во втората половина на април, се наведува во соопштението на Кремљ.
Ким ќе допатува во посета на Русија на покана на Путин.
Јужнокорејската новинска агенција Јонхап претходно објави дека Ким би можел да ја посети Русија следната недела, а средбата ќе се одржи во Владивосток.