Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин не ја разгледувал можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот последен телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
– Никој не ни се обратил со таков предлог-им рече Ушаков на новинарите.
Трамп во неделата разговараше одделно со Путин и со Зеленски. Зеленски вчера изјави дека предложил да се сретне со Путин на самитот на Г7 во Франција оваа недела, или дури и во САД, за разговори за ставање крај на војната, која навлезе во својата петта година.
МИА




