Македонскиот министер за економија Крешник Бектеши денеска е во Албанија на средба со министерката за инфраструктура и енергетика, Албанија, Белинда Балуку.

Двајцата министри разговараа на повеќе теми меѓу кои и маслото за јадење кое од Србија беше увезено во Македонија. Владата, пак, донесе одлука масло за јадење од Македонија да се извезе во Албанија. Тема на разговорите беше и инфраструктурното поврзување со Коридорот 8 и справувањето со енергетската криза беа теми на средбата.

Паѓа в очи фотографијата на која се гледа дека Бектеши и Балуку се сликаа само со албански знамиња во позадина, како на партиска средба. Кога човек не би знаел дека ова е меѓудржавна посета ќе помисли дека се работи за средба на двајца политичари од Албанија.