Кошаркарот на Хјустон рокетс, Крис Пол е казнет со 35 илјади долари поради непримерно однесување на првиот натпревар од четвртфиналето во НБА-плејофот против Голден Стејт (100:104).

Триесет и тригодишниот Американец е казнет поради агресивно однесување и физички контакт со еден од арбитрите во последните секунди од натпреварот.

Пол доби втора техничка грешка и беше исклучен.