Судските расправи што беа закажани за вчера (7 мај) во Кривичниот суд ќе бидат презакажани за други датуми, информираат од судот.
-Граѓаните кои се јавуваат како странки во одредени постапки што се водат пред Кривичниот суд, или добиле било каква покана за да се јават во судот на 07.05.2019 година, што беше неработен, ќе добијат дополнително покани откако расправите кои беа закажани за вчера ќе бидат презакажани за други датуми, соопшти Основен суд Скопје 1 – Скопје.