Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека надлежниот совет за оценка на обвинителениот акт поврзан со „организаторите на настаните од 27 април 2017 година” за 4 ноември закажа седница за оценка на која веќе се повикани странките во постапката.

Како што претходно Судот информираше неколку пати, во однос на конкретниот обвинителен акт, беа закажани неколку седници за оценка на кои одбраната, иако претходно го знаеше составот на советот и закажаните термини за седница, непосредно пред седниците бараше изземање на судиите бидејќи истите судии претходно постапувале во оценка на други обвинителни акти поврзани со конкрентиот кривично – правен настан, стои во соопштението.

– За овие барања се утврди дека се основани и истите беа уважени. Со оглед дека со овие барања беа изземени осум од деветте судии во Одделението за организиран криминал и корупција, а со цел да се спречат сите понатамошни одолговлекувања на постапката, предизвикани од странките во постапката, актот согласно АКМИС системот беше распределен на оценка кај совет од судии од одделот Кривично-полнолетни и за истото беше известен Судскиот совет на СРМ, се појаснува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.