Обвинителката Лиле Стефановска на денешното рочиште „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за изборни нерегуларности, прочита околу 20 смс пораки меѓу обвинетата Гордана Јанулоска и поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, во кои тие разговараат за исплаќање субвенции, пензии, денационализација и плати, во пресрет на изборите 2011 година.
Во една од пораките Јанкулоска му се жали на Ставрески „имам молба во Куманово не биле исплатени субвенции и ако имало услови побрзо да се исплатат“, на што Ставрески и одговара дека „треба некој да провери, имам списоци со субвенции што не добиле, ама ми ги пишуваа на рака пред кооперација“.
Во друга порака, Ставрески и пишува на Јанкулоска „исплативме пензии, субвенции, денеска оди за млеко, лозари, 25 милиони за денационализација, за плати… да живее ММФ, да живее Македонија“.
Јанкулоска, во смс порака го прашува Ставрески дали има „стопирани налози во култура“ и дали има проблем, на што Ставревки и оговара „не, секогаш има повластен третман Бети“, на што Јанкулоска враќа „Боже, ама баш налозите за култура се клучни за изборите“.
Обвинителката Стефановска прочита и околу 70 смс пораки меѓу Гордана Јанкулоска и советниците во во МВР Киро Тодорвоски и Ристе Ставревски од мај 2011 година, преку кои биле договарани списоци за вработување по број од гласачко место, за „тргање“ командири и полицајци кои „турбо“ работат за противници, но и за вршење работи за казни и инспекции на луѓе од месните комитети.
На почетокот судијата Осман Шабани, констатира дека во судница е присутен и технички советник на предлог на одбраната.