Со прикажување на ПИМ мерките на 17 јануари 2019 година во Кривичениот суд ќе продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
На доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и случајот го презеде СЈО. Случајот „Монструм“ во февруари годинава почна од почеток и се уште се наоѓа во доказна постапка.
Денеска во вкрстено испрашување од обвинетиот Фејзи Азири, искази даваа вешти лица од Судска медицина кои ја извршиле обдукцијата на убиените момчиња и балистичари од МВР.
Семејствата на убиените момчиња и рибарот не присуствуваат на рочиштето.