Ете се јавија и бранителите на Тамара: не можела да биде кривично гонета зашто пеела на територија на странска држава (територија на странска амбасада).
Се е тоа така, да не има еден проблем со таквите „аналитачари“: треба да се прочита КЗ на Македонија, оф се извинуваме, на Решублика Северна Македонија. Таму, онака, Сезановски убаво е нацртано, па се вели:
ГЛАВА ДВАНАЕСЕТТА
Важење на кривичното законодавство задржавјанин на Република Македонија кој ќе стори кривично дело во странство
Член 118
Кривичното законодавство важи за државјанин на Република Македонија и кога во странство ќе стори некое кривично дело, освен кривичните дела наведени во член 117, ако се затече на територијата на Република Македонија или биде екстрадиран.
Кратко и јасно. Ах, да, еве го пак член 117:
„Важење на кривичното законодавство заопределени кривични дела извршени во странство Член 117Кривичното законодавство важи за секој кој во странство ќе стори кривично дело од членот 268 на овој законик, ако фалсификувањето се однесува на домашни пари и од членовите 305 до 326, 357 до 359-а и 403 до 422 на овој законик.“
Членот пак, по кој може да биде гонета Тамара, е 178 од КЗ, со наслов: Повреда на угледот на РМ.
Толку околу ова. Тоа што пеачката направила кривично дело, демек ненамерно, на територија на САД, па сега сите треба заради тоа да и ракоплескаме за да не ни се налутат Американците на чија покана пеела, не го менува Кривичниот законик, туку само покажува дека законите во оваа држава зависат од политиката. Е, ама ајде да видиме кој е за правна држава.