ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“ по чл.201, став 1 од Кривичниот законик.

-Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило на земјен паркинг на улицата „Владо Малески“ во Струга ги затекнале децата како спијат.