Продолжен полициски час, кризна состојба, ама Зоран Заев решил дека мора да го исполни меѓупартискиот договор и да се одржи попис, се истакнува во денешното реагирање од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во врска со упорноста на власта да го истурка пописот во пандемијата која зема се поголем замав и во Македонија.
Го пренесуваме целото соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:
Заев не се откажува од попис и по цена да се реализираат проценките дека во тој период на спроведување на пописот би имало околу 2400 починати и околу 50 илјади заболени.
На Заев и Филипче не им е гајле за здравјето на граѓаните.
Заев има единствена грижа да ги реализира тесните партиски интереси, да го реализира тоа што си го договорил со владиниот партнер.
Заев не се интересира што секојдневно има по неколку десеттина починати.
Заев не се грижи што бројката на починати е речиси 3500 лица.
Заев не се грижи што нема склучено нити еден договор за набавка на вакцини и што нема вакцини против корона.
Ама затоа ќе си го истера договорот за политички попис по цена на животот на граѓаните.
Ќе дојде време кога ќе одговарате за сите постапки, а најтешки се загрозувањето на животите и здравјето на граѓаните на Македонија.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ