Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос, беше самокритичен по нерешените 0:0 синоќа на гостувањето кај Осасуна во натпреварот од 18. коло на шампионатот на Шпанија.

Средбата се одржа за време на снежни врнежи.

– Состојбата на теренот не е изговор, двата играа во исти услови. Создадовме недоволен број на шанси, моравме да сториме повеќе, и покрај лошиот терен. Знаевме дека противникот тврдоглаво ќе брани. Брзо ја губевме топката во нападот, беше тешко да се игра во средниот ред, изјави Крос за „Марка“.

Реал Мадрид е втор во поредокот на Ла Лига со 37 бода. Водечкиот Атлетико има 38 поени и три натпревари помалку.

Осасуна е на претпоследното, 19. место со само 15 бода.