И Луи Волина, македонски државјанин со „традиционално“ македонско име, веројатно крстен на дедо му, добил македонски пасош, се вели во ироничната објава на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Луи Волина, македонски државјанин со „традиционално“ македонско име веројатно крстен на дедо му 🙂 е осуден во Шпанија во 2020 за ТРГОВИЈА СО ДРОГА. Нема нарко бос на кој не дале МАКЕДОНСКИ ПАСОШ. ОСТАВКИ И ОДГОВОРНОСТ!- пишува Николоски во објавата на Фејсбук.

Секој ден излегуваат нови имиња на криминалци кои користеле македонски пасоши, а денеска во Турција е спроведено масовно апсење заради поврзаност токму со еден од овие „македонски државјани“.

Фејсбук статус на Александар Николоски