Битолчанецот С.М. (47), кој вчера од Крушево летал со параглајдер, се повредил откако паднал во близина на крушевското село Острилци.
Како што соопшти полицијата, вчера околу 15:50 часот во Полициската станица Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повреден С.М.(47) од Битола кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата Свети Еразмо во Охрид.
Од извршениот разговор со С.М. е констатирано дека со повредите се здобил истиот ден во Крушево каде полетал со параглајдер и паднал во близина на селото Острилци.