Дваесет и седум лица се загинати, а најмалку 30 се ранети во напад во две џамии во градот Крајстчрч, на Нов Зеланд, јавија локални медиуми.

По престрелката чeтири мажи и една жена се уапсени.

Полицијата потврди дека има „значителен“ број жртви, но не го прецизира нивниот број. Во соопштение наведува и дека откриле неколки импровизирани експлозивни направи оставени под автомобили.

Маж, кој презел одговорност за нападот, оставил антиимигрантски проглас на 74 страници, во кој објаснува кој е и какви се причините за нападот.