Куба е првата држава во светот што почна со вакцинација против Ковид-19 на деца помеѓу 2 и 10 години, пренесува Еј-Би-Си њус.

Здравствените работници и официјалните претставници од кубанското здравство велат дека вакцината која ја има развиено Куба е безбедна за вакцинирање на малите деца.

-Нашата држава не би ги ставила децата ниту на најмал ризик доколку вакцината не е докажано безбедна и истовремено ефективна против вирусот, вели Ауролис Отањо директорот на поликлиниката во Ведадо, Хавана.

Директорот Отњао вели дека ширењето на Делта сојот довел до зголемена зараза помеѓу најмладите, па затоа научната фела во Куба одлучила да се вакцинираат и помалите деца.

Во поликлиниката очекуваат да се вакцинираат околу 300 деца помеѓу 3 и 5 години. Поголемите што се помеѓу 5 и 10 години првата доза ќе ја примат во училиште.