Спасувачки тим во Хатај, Турција пронајде куче кое преживеало 23 дена под урнатините по разорните земјотреси што го погодија регионот.

Да потсетиме, на 6 февруари се случија два разорни земјотреси на неколку часа еден од друг, во кои загинаа повеќе од 50.000 луѓе во Турција и Сирија. Следеа стотици последователни потреси, а илјадници луѓе се уште се водат како исчезнати.

Турција уапси речиси 200 лица осомничени дека се одговорни за уривањето на зградите во земјотресите, а најавено е и проширување на истрагите.