Дури четири тони камен требаше да се отстрани од карпестите падини на југот од грчкиот остров Мелос, за да се обезбеди простор за изградба на величествена крајбрежна камена вила.
Проценетата продажна цена на имотот, наречен „Интернејшанл риалти“, од страна на на Сотби, е 5,5 милиони евра.
Творец на оваа резиденција е архитектот Христос Влахос и таа претставува, како што самиот тој вели „симфонија од камен, море и минимализам“.
Куќата има поглед на Егејското Море, како и кон островите Фолегандрос и Крит,
Иако поголемиот дел од вилата се наоѓа под површината на земјата, огромните отвори на предната страна, прозорците на покривот, како и светлите нијанси кои доминираат во ентериерот ја преплавуваат внатрешноста со светлина.
Сето тоа, едноставно, го отвора просторот и го прави исклучително релаксирачки.