Обвинителскиот тим кој постапува во предметот на Основното јавно обвинителство Кочани во врска со пожарот во дискотеката “Пулс” ги привршува дејствијата на распити на сведоци – очевидци на настанот, соопштија од ОЈО.
Распитите на осомничените и на други лица се реализираат без отстапувања и согласно утврдената динамика.
Интензивно се работи на повеќе вештачења и се вкрстуваат податоците од анализите на обезбедените електронски уреди.
Согласно фазата во која се наоѓа постапката и доказите кои веќе се обезбедени, обвинителството до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка притвор со мерка куќен притвор за двајца осомничени – поранешен министер и поранешен државен секретар во Министерството за економија, додека за 18 лица предложено е продолжување на претходно определени мерки притвор и куќен притвор. По предлoзите на обвинителството ќе одлучува Судот.
Поранешниот министер е Крешник Бектеши.