Овчеполието и Кратовскиот регион се мистични предели од Република Македонија кои кријат многу тајни од минатото. Пред десетици години, па и векови, се објавувале патеписи, репортажи, истражувања и податоци за овие краишта. Записите за старите локалитети во Овче Поле, древните храмови, развојот на централната населба Свети Николе, гратче кое е „крстено“ по Свети Николај Чудотворец и Овчеполскиот мит и бит можат да се прочитаат во книгата Зборник за Овче Поле – книга прва. Податоците за старите Кратовски рудници, азното, златото, среброто, оловото, древното рударство, Кратовските кули, пренесени фототипно во оригинал од изданијата од 19 и 20 век се содржани во Зборник за Кратово – книга прва. И двата Зборници се печатени во А4 формат, имаат над 200 страници и пренесуваат десетици извори на стара литература. Книгите можат да се порачаат преку нивните фан страници на fb www.facebook.com/zbornikzakratovo и www.facebook.com/zbornikzaovcepole или преку www.zbornikzakratovo.wordpress.com и www.nikolaristevski.com. Ова се првите делови од едициите „Зборник за Овче Поле“ и „Зборник за Кратово“, а уредникот и издавачот на книгите м-р Никола Ристевски од Свети Николе има подготвено по три дела од двата наслови за овие мистични Македонски региони.