Adoracion de los Reyes magos1.jpg

Формалната тема на ова дело кое спаѓа во најемотивните остварувања од последниот период на Ел Греко, ја сочинува возбудливиот простор во облик на ѕвоно создаден во средина.

Околу него се разместени во долниот дел членовите на светата фамилија и овчарите кои се поклонуваат на новоредениот Исус, а во горниот дел се ангелите кои делуваат како да ги зафатил виор и го носи таму каде облаците се разидуваат или згуснуваат и собираат.

Истата положба на нозете на ангелите и овчарите, ја истакнуваат силата на полетот со кој секој дел се стреми кон божественото дете.

Испосничките, но вдахновени фигури, сега веќе издолжени и извиени, карактеристични за последниот период на творештворо на сликарот, во постојано движење кое во сите правци го следи движењето на четката и понекогаш молневитото брзо течение на бојата, постојано лебдат, како во виор, отворајќи заслепувачко светло во средината.

Ова дело е насликано за црквата Сан Диминго ел Антигуо во Толедо помеѓу 1603 и 1607 година.