Тренерот на Барселона, Роналд Куман се огласи по критиките на негова сметка поради заминувањето на Луис Суарез.

– Изгледаше како да сум негативец од филм, но не беше така. Од почетокот се однесував со почит кон Суарез. Му реков дека можеби нема да игра многу, но дека ако остане, сепак ќе сметам на него. Тоа не беше само моја, туку и одлука на клубот. Има многу млади играчи кои имаат можност да се приклучат на тимот и тоа е дел од фудбалот. Јас и Луис сепак се почитуваме. Тој замина и му посакувам многу среќа, изјави Куман.

Барселона денеска ја започнува сезоната во Ла Лига со натпревар против Виљреал кој започнува од 21 часот.