Во третото коло од Премиер лигата, Челзи вечерва ремизираше на гостувањето кај Вест Бромвич играјќи 3:3. Сините од Лондон, губеа со 3:0 до 54. минута, но на крајот успеаја да се изборат за реми.

Челзи прими три гола во првиот половина час, од 4. до 27. минута, а ово дуел нема по добро да го памти дебитантот во тимот од Лондон, Тијаго Силва кој направи неколку катастрофални грешки.

Челзи по три одиграни натпревари има четири бода, за ВБА ова е прв освоен бод во новата премиерлигашка сезона