Знамето на Косово утрово било развеано на зградата од Општина Куманово, објавија повеќе медиуми.
Засега нема одговор кој и зошто го поставил знамето на Косово на зградата од локалната самоуправа во Куманово.
Според актуелните македонски закони, истакнување на знаме на друга држава, во случајов на Косово на зградата на локална самоуправа значи дека во таа општина има најмалку 20 проценти од жителите општината од таа земја, во случајов Косовци на Куманово.
На социјалните мрежи се појавија повеќе фотографии од зградата на Општина Куманово на која се гледа косовското знаме.