Во тек е изработка на уникатен мурал на зградата на гимназија Гоце Делчев во Куманово, со ликот на македонскиот апостол Гоце Делчев, информира градоначалникот Максим Димитриевски.
– Денеска во кумановската гимназија Гоце Делчев се изработува мурал на нашата гордост, истакнатиот македонски револуционер и великан Гоце Делчев. Гоце е синонимот на македонската борба и еден од најголемите македонски преродбеници. Среќен сум што и преку едни вакви креативни идеи ги запознаваме и едуцираме децата и младите за македонската историја и за личностите кои се темелот на нашата државност, вели Димитриевски.