Австрискиот канцелар Себастијан Курц, чија земја во моментов претседава со ЕУ, на 7 септември ќе ја посети Македонија, на три недели пред закажаниот референдум за промена на името.
Курц во Македонија доаѓа на покана на премиерот Зоран Заев, кој пред референдумот има покането и неколку други европски лидери.
Според Курц, постигнувањето напредок за европската перспектива е еден од приоритетите на австриското претседавање со ЕУ.
– ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан, рече Курц.