Разговорите за отворање логор за прифат на одбиени азиланти од повеќе европски земји е во напредна фаза, потврди денеска австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
Австрија, заедно со Германија, Данска и Холандија се земјите кои заеднички настапуваат со таканаречен пилот проект за азилот, односно да се изгради логор за прифат на одбиени азиланти во земја која не е членка на ЕУ.
Курц, како и неговиот дански колега Ларс Локе Расмусен, потврди дека сериозно се водат преговори на ниво на влади, тие се тајни, но големи се очекувањата тие успешно да завршат до крајот на годината. Тоа би значело токму за време на австриското претседавање со Унијата.
„Предлагавме уште порано дека е логично да понудиме заштита надвор од ЕУ каде (мигрантите) добиваат заштита, но немаат можност да одберат најдобар систем во Европа“, изјави на заедничката прес-конференција Курц со данскиот премиер.
Станува збор за азиланти кои се одбиени и веќе го поминале рокот за престој во прифатните центри во западноевропските земји. Не е јасно зошто директно не се враќаат во матичните земји, претежно од Африка и од Блискиот Исток, туку се планира тие да се стационираат во Европа, но во земја која не е ечленка на ЕУ и не е „атрактивна за шверцери со луѓе“.
Европските лидери одбија да именуваат со која земја воделе преговори на високо владино ниво, а не е соопшѓтена ниту каквабило приближна цифра колку луѓе би се сместиле во тој прифатен центар или повеќе такви кампови.
Прашањето за отворање кампови или логори беше актуелизирано од сегашната македонска влада која изрази подготвеност за такво нешто, но тоа го објасни оти е меѓународна обврска со која се бара да се имаат такви центри.