Планот е логорот да биде изграден во европска држава која не е посебно привлечна за бегалците.

Данска, Германија, Холандија и Австрија ја разгледуваат идејата која ја образложил данскиот премиер Ларс Расмунсен, дека преговараат со другите европски лидери за создавање логор во кој ќе бидат населени бегалците од Блискиот исток и од Африка, а на кои не добиле дозвола да останат во некоја од земјите членки на ЕУ, пред се западните земји.

Логорот треба да е во европска држава, но таа да не е членка на ЕУ.

„Оптимист сум. Врз основа на разговорот со другите лидери и дијалогот на официјално ниво, очекувам дека ќе бидеме во состојба првите чекори во врска со ова да ги преземеме до крајот на годината“, посочил Расмунсен.

Тој посочил дека зад идејата стојат и Германија, Австрија и Холандија и дека разговорите се водат директно меѓу владите, а не преку европските институции.

Расмунсен додал и дека идејата е логорот да биде во европска држава која не е привлечна за бегалците, односно „ не е на нивниот список на желби“. Но, одбил да појасни на која конкретна држава мислат.