Кузмановска: За две години од странски инвестиции има само една сендвичарница

/ 19.12.2018

Освен една сендвичарница друго ништо немате од странски инвестиции, рече пратеничката Лилјана Кузмановска, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на денешната седница на Собранието на Република Македонија, обраќајќи се на власта.

– Пет отсто зголемување на платите… Па, ние ги кажувавме тука информациите дека имаме зголемување од 2006 година за 60 отсто на пензиите, дававме за наставничкиот сектор. Тоа е движење кое континуирано се прави и кое се очекува од граѓаните, меѓутоа не е тоа некоја сериозна политика од која вие треба да се гордеете. И 332 странски директни инвестиции, имаме милиони евра, па кажете каде се, запраша пратеничката Кузмановска.

Таа ги запраша пратениците од СДСМ зошто не излезете со список?

– Ние ги имаме тие странски директни инвестиции. Еден колега тука точно ви кажа дека освен една сендвичара друго ништо немате од странски инвестиции. Не е добро да се кажува невистина на граѓаните. Граѓаните знаат како живеат. Дали им е подобар животниот стандард и престанете повеќе, веќе две години на власт да кажувате претходната власт, истакна Кузмановска.


Од истата категорија