Репрезентацијата на Македонија вечерва доживеа пораз од Полска со 0:1 (0:0) со голот на Кжиштоф Пјонтек во 47 минута, во квалификациите за Европското првенство.
Полска важеше за фаворит во овој натпревар и на крајот ја оправда таа улога со минимална победа.
Следниот предизвик за македонскиот национален тим е мечот против Австрија в понеделник, исто така во Скопје.