Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган беше кум на венчавката на поранешниот германски репрезентативец и фудбалер на Арсенал Месут Озил и Амина Гул.

Свадбата, на која присуствуваше и сопругата на турскиот претседател Емине Ердоган, се одржа во хотелот „Фор сизонс“ на Бешикташ, пренесува Анадолија.

Освен Ердоган, кој на младите им посака многу среќа, на свадбата присуствуваа и голем број познати личности од светот на спортот.