Со владиниот авион, по интервенцијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, грчките атлетичари ќе патуваат на Европските игри во Минск, откако претходно Атлетската федерација на Грција соопшти дека се повлекуваат и нема да учествуваат бидејќи не биле обезбедени авионски билети за спортистите, јави дописничката на МИА од Атина.

-Претеседателот и управниот одбор на СЕГАС (атлетската федерација) изразуваат топлка благодарност до премиерот Алексис Ципрас, кој веднаш откако од заменик министерот за спорт Јоргос Василиадис, беше известен за неможноста да се најде соодветниот број билети, за репрезентацијата во атлетика да стигне во Минск, даде наредба за нејзино заминување со владиниот авион, соопштуваат од федерацијата.

Одлуката на грчкиот премиер дојде само неколку часа откако од атлетската федерација излегоа со соопштение во кое објаснија дека од технички причини (неможност да се најдат билети) репрезентацијата се повлекува.

Од 18 април кога биле известени од Грчкиот олимписки комитет дека федерацијата е таа која треба да обезбеди авионски билети биле направени напори, веднаш било распишано барање за понуди за билети, а следеле и „директни преговори со компании и туристички агенции, па дури и за патување преку трета земја”, не го донеле посакуваниот резултат.