Ракометната репрезентација на Македонија штотуку ја победи Финска во квалифукациите за ЕП.
Игравме како гостин и ни беше потребна победа за пласман на ЕП, но првиот дел до натпреварот не ни ветуваше ништо добро.
Губевме со 14:12 и ги имавме сите шанси да ја искомплицираме работата со натамошниот пласман.
Сепак, во второто полувреме победивме со 15:8 што ни донесе и конечна победа на натпреварот.
Ова беше наш пети натпревар во групата во која се наоѓаат уште и Данска, Швајцарија и Финска.
Со Финска имаме две победи, со Данска една победа и еден пораз, а Швајцарија ја победивме на гостувањето.
Нио станува уште натпреварот дома со Швајцарија.
Ако Данска ја победи Швајцарија (натпреаврот се игра во овие моменти, а Швајцарија на свој терен во 10 минута води со 7:4), тој натпревар ќе биде формалност бидејќи ќе имаме четири бодови повеќе и сигурно второ место во групата кое носи пласман на ЕП.
Ако Швајцарија по некое чудо ја победи Данска, тогаш ќе решава натпреварот во Скопје со Швајцарија. Таму победивме со 25:23, па во Скопје ќе ни биде дозволено да изгубиме или со еден гол разлика или со два, но со помал број дадени и примени голови од тие во Швајцарија. Секој друг резултат, ќе не исфрли до игра.