Пред малку заврши натпреварот од квалификациите за ЕП во ракомет од нашата група меѓу Швајцарија и Данска.

Иако Швајцарците водеа по првото полувреме со три голови разлика, на крајта сепак загубија со 29:30. Со тоа тие останаа на третата позиција во нашата група со четири бодови заостанување зад Македонија.

Ние сме втори во групата иако имаме ист број бодови со Данска, но имаме полоша гол разлика во меѓусебната пресметка која заврши со наша победа дома и пораз на гости.

Во секој случај, со овој пораз, Швајцарија нема што да се надева во последниот натпревар со Македонија кој се игра на наш терен. Ние дури и со пораз ќе бидеме втори во групата и со тоа веќе денеска обезбедивме пласман на ЕП.