Топлотен бран ја погоди источна Канада од кој починале најмалку 33 лица оваа недела.

Власите стравуваат дека бројот на смртни случаи може да расте, затоа што во некои случаи причината за смртта може да се дознае само со аутопсија.

Топлотниот бран во Квебек и во Онтарио почна на 29 јуни, а неделева се забележани рекордни температури од 35 Целзиусови степени. Поради висока влажност тоа се чувствувало како да е 43 степени.

Само во Монтреал фатално настрадале 18 лица. Според лекарските информации, главно станува збор за возрасни лица, хронично болни или за лица со ментални болести.

„Ако имате здравстесни проблеми, треба да се чувате од жештината“, предупредуваат лекарите.

Повеќето од жртвите живееле на повисоки катови или во поктровја каде топлината останува подолго време. Властите предупредуваат да се избегнуваат „жешки острови“, места во градот каде нема доволно вегетација, а има многу бетон.

-Ако живеете во населба со базен или каде има климатизери, е поинаку отколку за тие што се невработени и живеат во мали станови во центарот на четврти кат каде е многу, многу жешко – велат властите.

За денес се најавува заладување.