Новодојденецот во Севиља, Квинси Промес е подготвен да дебитира за неговата нова екипа уште утре во градското дерби со Бетис.

– Подготвен сум да играм веќе оваа недела, ако одлучи тренерот. Тоа ќе биде дерби, многу важен натпревар за клубот. Јас веќе имам играно такви натпревари со моите поранешни клубови. Ја следам Севиља многу активно во последните неколку недели и чувствувам дека можам да ги направам среќни навивачите на овој клуб, изјави Холанѓанесцот.

26-годишниот Промес потпиша петгодишен договор со андалузискиот клуб во трансфер вреден од 21 милион евра, за годишна плата од нешто над три милиони евра.