Раководството на Барселона одлучи да се врати на тренинзите не порано од 27 април, пренесува шпански „АС“.

Во моментот во Шпанија е прогласена вонредна состојба до 13 април. Шампионатот во Ла Лига е запрен на неодредено време.

Претходно, тамошните медиуми објавија дека во каталонскиот клуб е откриен првиот случај на коронавирус. Главниот скаут на Барселона, Андре Кири и неговата сопруга се разболеа во Јужна Америка.