Италијанскиот весник Ла верита, кој објави повеќе снимки од аферата Рекет, најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите околу изнудувањето, во оној момент кога ќе биде обезбедена безбедност на изворите.
– Дотогаш Катица Јанева изгледа дека е осудена да стане громобран за сите оние, судии и политичари, коишто се инволвирани во скандалозниот систем за изнуда и погрешно раководење со државата за време на мандатот на Заев, пишува во денешното издадени италијанскиот весник.
Во врска со аферата Рекет и притворањето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева пишува:
– Сега на сите им е јасно дека се до нашата интервенција овој материјал не бил земен сериозно предвид од страна на обвинителскиот врв предводен од (Вилма) Рускоска, жената којашто не случајно Заев сакаше да го земе местото на Катица Јанева и да продолжи со работа. Доказ за тоа дека Заев во Македонија го контролира и судскиот систем, дел од новинарскиот и секако политичкиот, се фактите коишто следуваа во последниве денови, пишува весникот.
Натаму во текстот се вели:
– Семоќниот човек се обиде да ја дискредитира нашата работа, секогаш посветена кон потрага по вистината, обвинувајќи нè дека сме сакале да го саботираме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Неговите обвинувања се распаднаа како кула од карти со оглед на тоа што е потврдено дека нашиот весник од секогаш ги бранел северноатлантизмот и здравиот европеизам како важни вредности во општеството. Но, фактот дека тој (Заев) манипулира како ќе посака со судскиот систем го потврди, по психолошкиот пресврт во Македонија – по нашите откритија, ексминистерот за правда од редовите на ДУИ, Блерим Беџети, којшто рече дека во минатото Заев често пати му барал да влијае на членовите на Судскиот совет со цел да изберат нов претседател на важен суд, поприлагодлив на барањата на премиерот, пишува италијанскиот новинар Ларис Гајзер во Ла верита.
На 8 август на интернет страницата на Ла верита Гајзер во неколку продолженија објави видео и аудио снимки за аферата Рекет.
– Камчев потврди, а тоа беше потенцирано и од нас, дека првите докази против Јанева беа презентирани пред повеќе од еден месец, пред приведувањето на Боки13. Повеќе од еден месец на Јовески, а посебно на Рускоска, им беше потребно да побараат притвор за специјалната јавна обвинителка. Еден месец во кој можеа да бидат уништени докази, да се влијае врз фактите и врз сведоците. Јасно е дека целиот овој систем би можел да биде објективно критикуван најмалку за негрижа, ако не и за малициозно соучесништво, пишува Гајзер.