Косовската полиција на граничниот премин Блаце, кај Генерал Јанковиќ, уапси државјанин на Република Македонија, откако при контрола на неговото возило е откриена марихуана, јави МИА од Приштина.

Според соопштението на полицијата, во возилото на македонскиот државјанин се пронајдени 0,51 грама марихуана и едно пакување хартии „ризла“.

По интервјуирањето, по налог на надлежен обвинител лицето е пуштено на слобода, а предметот е испратен во редовна судска процедура.