ЛАДЕН ТУШ ОД ЛИСАБОН: ЕУ не може да ги исполни очекувањата на Украина и на земјите од Западен Балкан за нивно вклучување во Унијата

/ 24.11.2022
epa08789841 Portuguese Prime Minister Antonio Costa speaks to journalists at the end of the extraordinary meeting of the Council of Ministers which took place at the Palacio Nacional da Ajuda in Lisbon, portugal, 31 October 2020. The Council of Ministers met today to decree 'immediate actions' to control the pandemic, one day after the prime minister received the parties with parliamentary seats, while the minister of Economy received the social partners on possible measures of containment in order to reach a consensus on these decisions. EPA-EFE/ANTONIO COTRIM

Европската Унија не може да ги исполни очекувањата на Украина и на земјите од Западниот Балкан за нивно вклучување во ЕУ како полноправни членки, изјави португалскиот премиер Антонио Коста на завчерашната конференцијата во организација на Си-Ен-Ен Португалија.

– Оваа криза во прв план го стави проширувањето на ЕУ, а посебно е драматично прашањето на Украина, како и многубројните ветувања кои што ЕУ ги давала со години, создавајќи надеж, особено кон земјите од Западниот Балкан. ЕУ има многу јасни критериуми за прием на нови земји членки, но, за жал, не постојат критериуми за определување на сопствените можности за прием на нови држави членки. Да бидеме искрени, со моменталната институционална структура, со моменталната буџетска архитектура, Европската Унија нема услови да ги исполни очекувањата кои што сега ги создава“, рекол Коста, додавајќи дека „ако очекувањата кои што некои европски лидери ги создаваат се само политички гест, тогаш ЕУ ризикува да го умножи ширум источна Европа она што веќе се случи со деценискиот изостанок на очекувања во однос на Турција”.

Според португалскиот премиер, повратниот ефект од овие очекувања краткорочно ќе биде огромна драма ако тие се изјаловат.

-Од друга страна, ако овие очекувања не се само сочувствителна политичка изјава, одговор на приликите, тогаш Европската Унија треба темелно да се реструктуира за да не имплодира заради новото проширување,порача Коста.

Според него, создавањето на Европската Политичка Заедница е значаен гест за да се обезбедат заедничка позиција за глобалните прашања, вклучително и за енергетиката, помеѓу разнороден збир на земји од европскиот континент, оние кои што се надеваат на полноправно членство во ЕУ, оние кои што не знаат дали сакаат да влезат и оние кои што беа во Европската Унија и излегоа од неа, како Обединетото Кралство.

-Затоа Европската Политичка Заедница нема да биде замена за Европската Унија и нема да биде алтернатива за проширувањето, рече Коста

Во тој смисол, според Антонио Коста, „притисокот за прошрување ќе остане на масата“.

Премиерот, исто така, алудираше на постоечките билатерални тешкотии околу неколку земји кандидати за проширување и тоа од Западниот Балакан, „што значи увезување на овие проблеми во Европската Унија“ кои што потенцијално може да предизвикаат „ентропија на европските институции“.

– Европа навистина мора да се организира во променливи геометрии, а тоа веќе и го прави во одредена мерка затоа што сите земји членки не се во еврозоната или во шенгенскиот простор.

За да бидеме успешни мора да ја имаме Европа со променлива геометрија, повтори Коста кој што потоа зборуваше за глобалните предизвици, односите на ЕУ со другите континенти, потребата од реформа на заедничката земјоделска политика и на развојната помош.


Од истата категорија