Дождот и студениот бран им помогнаа на шведските пожарникари во справувањето со неколкуте големи шумски пожари што ја зафатија државата, но од метеролошката служба велат дека се потребни дополнителни дождови за да се загарантира целосното запирање на огновите, јави новинската агенција ДПА.
Огновите зафатија делови од централната шведска област Даларна и се смета дека веќе нема да се шират.
Една од пречките во гасењето на пожарите е што тие зафатија област која се користи како полигон за воени вежби на шведската армија и пожарникарите мораа внимателно да настапуваат поради опасноста од неексплодирани артилериски гранати.
Шумски пожари избија и во областите Јевлебор и Јемтланд, северно од Стокхолм, но тие се главно под контрола.